BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 11. Ноември 2008 - Објавено на 08:45 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Заврши мисијата на „Феникс“
 
Сондата пушта зелен ласерски зрак кон небото, 100 пати во секунда
Заврши мисијата на сондата „Феникс", чија намера беше да открие дали на Марс може да опстојува живот.

Американската вселенска агенција НАСА рече дека подвижната лабораторија веќе не испраќа податоци на Земјата бидејќи промената на годишните времиња ја намалила можноста да ги напојува сончевите ќелии.

Дописниците јавуваат дека решението да се стави крај на мисијата било очекувано и таа треба да се смета како успешна бидејќи траеше шест месеци или два пати повеќе од очекуваното.

„Феникс" испрати одлични фотографии и откри докази дека на површината на „црвената планета" некогаш имало вода во која можел да се развие живот.

Откако минатиот мај слета на Марс, роботското возило „Феникс“ оствари напредок во нашите знаење за Црвената планета од кое најважно беше откритието на замрзната вода во почвата.

„Феникс“ испрати извонредни детали, откривајќи и снег како паѓа од марсовското небо.

Колку повеќе податоци се прибираа од планетата, таа се’ повеќе личеше на Земјата.

Тоа неизбежно го покрена и прашањето за живот на Црвената планета, прашање за кое професорот Смит вели дека ќе треба многу време да се одговори:

-„Колку места на Земјата сте посетиле? Зошто сте сигурен дека се' уште нема живи диносауруси, на пример? Никогаш нема да знаете дали има живи диносауруси, бидејќи не сте биле на сите места на Земјата. Значи, невозможно е да се каже дека нема живот, кога сте биле само на неколку места на Марс."

Сондата „Феникс" преживеа многу повеќе од предвидените 90 дена на Марс, но нејзините инструменти се само почеток на серијата роботски мисии кои ќе ја истражуваат планетата уште подлабоко.

„Феникс“ носи седум инструменти

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност