BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 04. Ноември 2008 - Објавено на 18:26 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Змиите - смрт за илјадници!
 
Змија
Ново истражување навестува дека преку 400 илјади луѓе годишно се отруени од каснување од змии, што доведува до 20 илјади смртни случаи во цел свет.

Студијата се темели на податоци од 68 земји и открива дека најголем број жртви има во Индија, каде преку 80 илјади луѓе годишно се каснати од змија а умираат 11 илјади.

Следи Шри Ланка со 33 илјади каснувања а повеќето жртви се мажи.

Јужна, југоисточна Азија и подсахарска Африка се најтешко погодени области.

Научниците велат дека вкупната бројка може да е многу повисока бидејќи инцидентите не се пријавуваат во оддалечените селски области, каде не постои пристап до здравствена нега.

Од околу 3000 видови змии на светот, околу 600 се отровни.

Тие постојат на секој континент освен на Антарктикот.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност