BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 12. Ноември 2008 - Објавено на 17:47 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
„Нано“-козметиката опасна?
 
И кремите за лице користат нано-честички
Две-годишна студија во Британија заклучи дека е потребно итно истражување за безбедноста на „нано“-материјалите кои се користат во производите за широка потрошувачка.

Кралската комисија за загадување го одби предлогот нано-материјалите да се забранат веднаш и рече дека некои од нив - како на пример оние кои се користат во кремите за сончање, имаат големи предности.

Претседавачот на Комисијата, Џон Лотон, рече дека тоа се многу мали честички, често милион пати помали од зрно песок.

Постојат стравувања дека токсичните нано-честички можат да поминат преку човечката кожа и да ги преминат заштитните бариери во делови како што е мозокот или фетусот во матката.

Козметички препарати со „нано"-честички се употребуваат нашироко и покрај нерешените прашања за нивната безбедност, предупредува и Агенција за заштита на потрошувачите.

Многу производи за нега на кожата, како креми за сончање или оние против брчки, ја содржат оваа технологија за да може полесно да се нанесуваат, но и да не се забележуваат на кожата.

Стручните лица се загрижени за долготрајните последици, бидејќи многу од производите не споменуваат дека содржат нано-материјали кои се и за 80 илјади пати помали од ширината на човечкото влакно.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност