BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 06. Ноември 2008 - Објавено на 17:59 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Голема продажба на слонова коска
 
Слонова коска
Јужно-африканската република ја одржа најголемата законска продажба на слонова коска во речиси 20 години.

Наддавањето за преку 50 тони слонови заби во Преторија, беше најново во низата од неколку одржани во јужна Африка и одобрени од Обединетите нации.

Килограм се продаваше за 142 долари и беа собрани помалку од 7 милиони долари, што е помалку од очекуваното.

Стоката мора да се продаде само на службено одобрени купувачи од Кина и Јапонија, а парите мора да се потрошат на заштита на животните.

Оние што ја критикуваа аукцијата, земји како Кенија, се пожалија дека со создавање на законски пазар за слонова коска, се охрабрува незаконскиот лов.

Во текот на изминативе две седмици, Намибија, Боцвана и Зимбабве ги продадоа своите залихи од слонова коска.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност