BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 20. Ноември 2008 - Објавено на 17:40 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Мики Маус наполни 80 години
 
Мики Маус
Ако се вратите наназад кон потеклото на Мики Маус и ги погледнете ликовите кои се појавиле во тие рани филмови, имаше секакви домашни животни: свињи, мачки, кучиња, кози, коњи, и сите во реална големина.

Но како што со години ликовите стануваа пософистицирани, тие се’ повеќе стануваа како луѓето, а нивната животинска природа се повлекуваше.

Така, Мики е лик кој носи чевли, куси и чудни бели ракавици, живее во куќа, вози автомобил и има домашно куче наречено Плутон, што само по себе е чудно и значи дека Мики е огромен.

Дизни сакаше отпрво да го нарече Мортимер, но според легендата, неговата сопруга Лилијан го убеди дека тоа е најлошо име за цртан лик и тој се согласи да го смени во Мики, наводно поради „ирската крв“.

Со годините, тој стана симбол на различни времиња: во 30-те, ерата на големата депресија, Мики претставуваше нешто мошне американско, гордост да се кренете над поразот и да издржите.

Во првиот анимиран филм „Паробродот Вили“ тој е неранимајко.

Иако претходно сними два неми филма со него, Волт Дизни ги отфрли и благодарејќи на својата претприемчивост, ја искористи новата звучна технологија да го сними третиот, во прекрасен, какофоничен звук.

Луѓето велеа дека Мики е многу едноставен за цртање, дека секој може да го нацрта со помош на кругови.

Еден психолог во 40-те рече и дека ако овој лик му се покаже на дете, тоа инстинктивно ќе се насмее.

Но како што животот се подобруваше, во 40-те Мики стана одвишен.

Со својот творец Волт Дизни

Дизни стана доајен на семејната забава и Мики веќе не можеше да биде дрзок, револуционерен лик.

Така, како што Дизни добиваше на углед, така беше и со Мики, кој предводеше низа ликови како гневниот Патор Пајо и „смотаниот“ Шиљо.

Во 50-те Дизни почна да отвора забавни паркови каде Мики ја презеде улогата на генијален но нем домаќин, пријателски лик во костим, пречекувајќи ги посетителите во светот на фантазијата.

Во 2008, децата го гледаат на телевизијата и тој одново се подмладува.

Енди Ворхол рече дека Мики му е еден од омилените ликови и фасцинира дека лик кој не снимил многу филмови за последните 20 години се’ уште е толку славен.

Самиот Дизни често знаеше да рече: „Се надевам дека нема да заборавите оти сето ова започна со едно глувче.“

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност