BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 12. Мај 2008 - Објавено на 07:25 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Прва американска помош за Бурма
 
Американска помош за Бурма
Првиот американски авион со помош за постраданите од циклонот во Бурма слета во Рангун на лет од соседен Тајланд.

Дозволата за џиновскиот товарен авион е дадена откако минатата седмица се водеа долги преговори со воената влада.

Американски претставници велат дека авионот ќе носи вода, мрежи за комарци и ќебиња.

Уште два американски авиони се очекуваат утре.

За стотици илјади пострадани во Бурма е потребна итна помош која сега бавно доаѓа, а хуманитарните агенции велат дека воената влада се' уште ги одолговлекува спасувачките операции.

Претходно, воената влада на Бурма соопшти дека не е подготвена да прифати доаѓање на странски спасувачки тимови во земјата по катастрофата со циклонот „Наргис“.

Министерството за надворешни работи рече дека земјата со задоволство прифаќа странска помош но сака сама да се грижи за дистрибуцијата.

Меѓународните организации сматаат дека владата нема капацитет да ја однесе помошта таму каде што е потребна.

Последново соопштение на бурманската влада доаѓа по притисокот од Обединетите нации да бидат забрзани процедурите за издавање визи за странските мисии за помош.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност