BBCMacedonian.com

12. Мај 2008 - Објавено на 07:23 GMT

Арапската лига ќе посредува во Либан

Во текот на ноќта во Либан имаше нови тешки борби откако движењето „Хезболах" ги нападна планините околу Бејрут, каде е седиштето на Валид Џумблат, водачот на Друзите.

Се јавува дека борбите сега стивнале по договорот во областа да се размести либанската армија.

Во меѓувреме, Арапската лига реши во Бејрут да испрати делегација во која ќе биде и генералниот секретар Амр Мусa.

Тој во Каиро изјави дека организацијата сака да го спаси Либан.

Арапската лига сака да посредува во најтешките меѓуверски битки во Либан од долгогодишната граѓанска војна која заврши пред 18 години.