BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 22. Јули 2008 - Објавено на 04:18 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Уапсен Радован Караџиќ
 
Радован Караџиќ
Радован Караџиќ
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој избегнуваше да биде фатен поради воени злодела речиси 13 години - е во притвор откако беше уапсен од српските безбедносни сили.

Кабинетот на српскиот претседател, Борис Тадиќ, соопшти за апсењето доцна синоќа, додавајќи дека тој е веќе изнесен пред судиите во Белград.

Српските власти не дадоа други детали за апсењето.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, Серж Брамерц, рече дека Караџиќ ќе биде пренесен во Хаг.

Хашкиот трибунал инсистира на апсењето на Караџиќ од 1995 - но и на апсењето на Ратко Младиќ, неговиот поранешен воен командант, кој се’ уште е во бегство.

Апсењето на Караџиќ и Младиќ се поставуваше како услов за Србија да напредува на патот кон Европската унија.

Реакции

Комесарот за проширување на Европската унија, Оли Рен го поздрави апсењето на Караџиќ како важен чекор што Србија го направи на патот кон зачленување во Европската унија.

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд, изјави дека апсењето ќе отвори пат за посветла европска иднина за Србија.

Апсењето на Караџиќ беше еден од главните услови за влез на Србија во Унијата.

Тоа доаѓа во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата на кој се очекува да се расправа за поблиски врски со Србија, по формирањето на новата про-западна влада во Белград.

Во меѓувреме Ричард Холбрук, поранешниот американски помошник државен секретар, кој го издејствува мировниот договор кој ефикасно ја оконча војната во Босна, го опиша Караџиќ како реален, вистински архитект на масовните убиства.

Сараево славеше

Веста за апсењето на Караџиќ беше прославена на улиците во Сараево, каде што илјадници луѓе загинаа во опсадата која траеше три и пол години за време на граѓанската војна.

Претседателот на ротирачкото босанско претседателство, Харис Силајџиќ, го поздрави апсењето и рече дека тоа ќе отвори пат за поголема соработка во регионот.

Тој додаде дека ова е извесно олеснување за семејствата на жртвите, но дека мора да се запамети оти и покрај тоа што Милошевиќ почина, а Караџиќ е уапсен, нивниот „проект“ живее во Босна и Херцеговина.

-„Стотици илјади луѓе ширум светот се Босанци, кои беа протерани од нивните домови поради заканите по живот. Па, за да биде правдата задоволена, мора да ги избришеме последиците од геноцидот во Босна“ - рече Силајџиќ.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ова го нарече историски момент, а Белата куќа - дека не можеше да има подобро оддавање почит кон жртвите од изнесување на извршителите пред правдата.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Апсењето на Караџиќ
22 Јули, 2008 | Вести
Политичка биографија
22 Јули, 2008 | Вести
Стратегиски чекор
22 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност