BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 22. Јули 2008 - Објавено на 16:13 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Апсењето на Караџиќ
 
Караџиќ по апсењето
Караџиќ по апсењето
Српските власти вчера дадоа подробности за апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, кој е баран за воени злодела од граѓанската војна.

63-годишниот осомничен злосторник е приведен завчера, по речиси 13 години во бегство.

Неговиот адвокат рече дека бил приведен во јавен автобус во Белград.

Српскиот обвинител за воени злосторства пак изјави дека Караџиќ користел лажни документи и работел како лекар по алтернативна медицина во едно предградие на Белград.

На фотографијата покажана за новинарите тој изгледа слаб, со бела коса, долга брада и дебели очила.

Во Брисел, францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер рече дека апсењето покажува оти Унијата имала право кога им понудила на српските гласачи да ги поддржат прозападните партии на мајските избори.

Реакциите меѓу населението на дел од поранешните југословенски простори исто така беа главно позитивни.

Некои од босанските граѓани беа еуфорични поради веста, особено што дел од нив имаат свежи сеќавања на војната како и на оние што ги загубиле во неа.

Дел од граѓаните во Србија сметаат дека Караџиќ треба да му се испорача на судот во Хаг за земјата да може да оди напред и сметаат дека неговото апсење е добро за соочување со минатото.

Но Русија не е меѓу земјите кои го поздравија апсењето на Караџиќ.

Министерството за надворешни работи кусо соопшти дека тоа е исклучиво внатрешна работа на Србија и изрази надеж дека судскиот процес ќе биде непристрасен.

Москва соопшти дека Хаг претходно покажал пристрасност во познати случаи кога биле ослободени Бошњаци и косовски Албанци, несомнено вклучени во воени злодела, тврди руското соопштение.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Уапсен Радован Караџиќ
22 Јули, 2008 | Вести
Политичка биографија
22 Јули, 2008 | Вести
Стратегиски чекор
22 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност