|
Стратегиски чекор
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Но, што значи апсењето на Караџиќ за идната стабилност на Балканот?
За многумина денес е тешко да се сетат како насилното распаѓање на Југославија во раните 90-ти години ја растури еуфоријата за новиот свет по крајот на студената војна. Едвај една година по падот на берлинскиот ѕид, надежите за нов светски поредок, на Балканот беа во пламен. Речиси 20 години од тој немирен период, апсењето на Караџиќ е навистина значаен миг во балканската историја. Просто речено, се чини дека ова покажува оти Србија, долго сметана за главен актер во распаѓањето на Југославија, конечно сака да го остави зад себе багажот на војната. Но зошто токму сега? Повеќето аналитичари сметаат дека ова ја одразува решителноста на Белград, во Европската унија да се вклучи поскоро наместо подоцна, со оглед на заморот од проширувањето за кој Србија смета дека веќе се јавува кај некои членки. Се разбира, апсењата на обвинети злосторници беа и се дел од предусловите. Токму таа надеж за членство во Унијата и веројатно во НАТО, го прави овој момент стратегиски значаен. Србија е врзана за Унијата и НАТО во некоја идна точка, па ќе биде многу помалку веројатно да ги дестабилизира Босна или Косово, двете жаришта на Балканот. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Караџиќ помаган од пријатели на власт24 Јули, 2008 | Вести
Караџиќ ќе се брани самиот ако оди во Хаг23 Јули, 2008 | Вести
Уапсен Радован Караџиќ22 Јули, 2008 | Вести
Апсењето на Караџиќ22 Јули, 2008 | Вести
Политичка биографија22 Јули, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||