BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 23. Јули 2008 - Објавено на 07:17 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Караџиќ ќе се брани самиот ако оди во Хаг
 
Караџиќ и Младиќ
Караџиќ и Младиќ
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, му рекол на својот адвокат дека самиот ќе се брани доколку биде предаден на судење во меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг.

Адвокатот, Светозар Вујачиќ, вели дека Караџиќ е уверен оти ќе го добие случајот.

Но портпаролката на главниот обвинител Серж Бремерц, изјави дека тој се противи на само-претставување во судот.

Поранешниот американски државен секретар, Мадлен Олбрајт, вели дека една од причините за основање на судот во Хаг е да се утврди поединечната вина за настани како масакрот во Сребреница, и да се појасни дека нема колективна вина.

Новиот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ вели дека со апсењето на Караџиќ, Србија покажа дека е сериозна кон својата европска иднина.

Дописниците јавуваат дека Караџиќ би можел да ја влече судската постапката до 2010, кога истекува мандатот на судот основан од Обединетите нации.

Русија, која има право на вето во Советот за безбедност, веќе соопшти дека нема да се согласи со продолжување на мандатот.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Уапсен Радован Караџиќ
22 Јули, 2008 | Вести
Апсењето на Караџиќ
22 Јули, 2008 | Вести
Политичка биографија
22 Јули, 2008 | Вести
Стратегиски чекор
22 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност