|
УЈП не коментира за имотот на Претседателот
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дали управата за јавни приходи го испитува имотот на Претседателот? Од Управата велат дека тоа е даночна тајна, а од кабинетот
на претседателот повикуваат исти такви проверки да се спроведат и на целата влада.
Дел од аналитичарите велат дека власта се почесто ја користи борбата против криминалот и корупцијата за пресметка со политичките противници. По пишувањата на неколку медиуми дека имотот и финансиите на претседателот Бранко Црвенковски се под проверка на Управата за јавни приходи, од кабинетот на претседателот информираат дека тој ја поддржува борбата против корупцијата и проверките на УЈП, но кои се спроведуваат „објективно и неселктивно". „Цврсто сме убедени дека постои намера и тенденција во проверките што се вршат во претседателот и неговото семејство", се вели во соопштението од Кабинетот. Но, дали воопшто се води таква истрага? Весна Новаковиќ е портпаролка на Управата за јавни приходи. „Согласно законот за даночна постапка, информации и се што е оврзано со една даночна постапка подлежи на даночна тајна". Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски пред 3 месеци во интервју изјави дека тие го проверуваат имотот на претседателот како што би го правеле и со секој друг даночен обврзник. Аналитичарот Дане Талески од Институтот за демократија вели дека по сите овие апсења и кривични пријави за припадниците за опозцијата, се отвора сомнеж во намерите на власта. „Во голема мера постои сомневање дека власта ги користи институциите на системот преку борбата против криминалот и корупцијата да се пресметува со своите политички неистомисленици и противници. Но, сепак времето ќе покаже дали тоа било гола инструментализација или тоа било еден објективен процес" Последото спектакуларно апсење на потпретседатлот на СДСМ Зоран Заев, предизвика опозицијата да го напушти парламентот, со
најава дека и понатаму ќе остане надвор од работата на законодавниот дом. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||