|
Се’ уште не е добиена жалбата од Караџиќ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Судот за воени злосторства во Србија кој е надлежен за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, вели дека се’
уште не ја добил жалбата против неговото апсење.
Адвокатот на Караџиќ одби да каже кога и каде ја испратил жалбата. Караџиќ се соочува со обвиненија за геноцид извршен за време на војната во Босна. Српските обвинители за воени злосторства велат дека на уапсениот поранешен лидер на босанските Срби Радован Караџиќ му помагале пријатели на власт во Белград, со цел да му обезбедат лажен идентитет за да одбегне да биде фатен. Обвинителот Владимир Вукчевиќ изјави дека Караџиќ почнал да го живее својот двоен живот како Драган Дабиќ, во време кога во Србија имаше погодна политичка клима, па затоа оние кои му помагале треба да бидат повикани на одговорност. Српските гласила јавија дека вистинскиот Драган Дабиќ бил српски војник убиен во Сараево за време на опсадата на градот во 1993 година. Колку ќе трае процесот? Дописниците велат дека доколку Караџиќ биде испорачан во Хаг, тој може да ја развлекува процедурата до 2010-та година кога престанува мандатот на Судот. Караџиќ веќе изјави дека доколку биде испорачан на Меѓународниот суд за воени злосторства, ќе се брани самиот. Но, Џефри Најс кој ја предводеше страната на обвинението во случајот со Милошевиќ вели дека судот сега нема да дозволи правото на само-одбрана да биде злоупотребено. Судот може да му наметне на Караџиќ да користи адвокат, доколку излезе од рамките на одбраната, рече Најс. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Караџиќ ќе се брани самиот ако оди во Хаг23 Јули, 2008 | Вести
Апсењето на Караџиќ22 Јули, 2008 | Вести
Уапсен Радован Караџиќ22 Јули, 2008 | Вести
Политичка биографија22 Јули, 2008 | Вести
Стратегиски чекор22 Јули, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||