|
Охрабрување за болните од СИДА?
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Германски лекари велат дека човек заразен со вирусот кој може да доведе до СИДА, нема инфекција повеќе од 20 месеци откако
му била пресадена коскена срж.
Научниците од една болница во Берлин велат дека донаторот имал ретка генетска отпорност на вирусот. Но познати научници на ова поле, меѓу нив и доктор Ендрју Бедли од клиниката „Мејо“ во сојузната американска држава Минесота, побараа да се направат нови тестови за да се докаже дека пациентот е чист од вирусот ХИВ и рекоа дека не е веројатно оти оваа процедура ќе стане стандарден третман. Сепак се очекува овој резултат да охрабри натамошен интерес за генетската терапија како третман против СИДА за која засега нема лек и од која годишно умираат два милиони луѓе. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Масовна зараза од ХИВ вирусот во Узбекистан11 Ноември, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||