|
„Ендевор“ се спои со орбиталната станица
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вселенскиот шатл „Ендевор“ се спои со Меѓународната вселенска станица која кружи околу земјата, во мисија која се нарекува
- „проширување на станот".
Бродот носеше седум космонаути и преку 6300 килограми разна опрема. Шатлот носи предмети како рерни, фрижидер и нов тоалет, а целта е да се прошири просторот за живот во вселенската станица за во неа, од почетокот на следната година - да можат да се сместат двојно повеќе астронаути, односно шест. На станицата доаѓа и Сандра Магнус, нова жена-космонаут. Екипажот на леталото се очекува и да ги поправи сончевите плочи за производство на струја на Вселенската станица. ...сосема домаќинска задача! Освен тоа, во товарот се наоѓа и систем за дестилација на водата кој ја филтрира, јонизира и оксидира отпадната вода и урината, и ја претвора во свежа вода за пиење. Ова е четврта мисија на шалтот годинава и тој треба да слета во вселенскиот центар Кенеди во Флорида, на 30 ноември. Американската вселенска агенција НАСА планира уште десет летови на шатлот пред да ја „пензионира“ целата флота во 2010. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||