BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 17. Ноември 2008 - Објавено на 15:57 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Каде оди Македонија?
 
Радмила Шекеринска
Шекеринска: „Виновниците не треба да се бараат надвор“
Македонските политичари, експертите и невладиниот сектор, денеска во Скопје анализираа во кој правец треба да работи државата по последниот извештај на Европската комисија.

Нерегуларностите на последните избори треба да бидат фокус на институциите за изборите следната година, порача амбасадорот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере.

Фуере советуваше целосно насочување кон тоа - локалните и претседателските избори на пролет да минат без насилство и злоупотреби.

-„Поради тоа што се случуваше во јуни, овие избори ќе бидат уште еден тест за земјата, за политичките партии, за државните институции, да бидат способни за да демонстрираат капацитет и волја да организираат слободни и фер избори.“

Вонредните парламентарни избори минатиот јуни беа посочени како една од поголемите забелешки во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во нејзината европска интеграција.

Заменик претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Лилјана Поповска изјави дека има впечаток дека зад одложениот датум за преговори стои нешто што не се споменува во извештајот:

-„Неизбежно е чувството дека од Македонија се бара да биде одличен ученик со сите петки додека во други случаи сме виделе дека поминале и земји што имаат послаби оценки, четворки, тројки а можеби и помалку изјави“, вели Поповска.

Радмила Шекеринска од СДСМ, смета дека виновниците не треба да се бараат надвор.

-„Сметам дека најтврдите критики кои ги добивме за извештајот, за жал, целосно ги заслуживме, и од нив нема бегање, и неможеме да се оправдаме дека на некои други држави им биле дадени преговори иако извештајот бил лош. Најдете ми еден извештај на земја која почнала преговори која има вакви критики за изборниот процес“, Шекеринска.

Според претседателот на НСДП, Тито Петковски, власта не сака да се интегрира во НАТО и ЕУ за да ги избегне строгите контроли од овие институции.

-„Имам впечаток дека нашата влада не сака Македонија да влезе во ЕУ. Не сака од многу прагматични причини. Затоа што многу подобро им одговара начинот на владеење во Република Македонија во услови на изолација“, изјави Петковски.

Иако поканети, немаше претставници на Владата на денешната дебата, насловена како „Каде Македонијо?“ - организирана од институтот „Отворено општество“.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност