|
Македонија ја тужи Грција во Хаг
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонската влада побара од Меѓународниот суд на правдата во Хаг да и наложи на Грција да ја почитува нејзината обврската
да не го попречува приемот на Македонија во меѓународните институции и организации.
Грција се спротивстави на приемот на Македонија во Алијансата, поради спорот околу името. Откако пред осум и пол месеци, на самитот на НАТО во Букурешт Грција го попречи приемот на Македонија во НАТО, владата во Скопје реши да побара судска заштита на Времената спогодба. Одлуката ја соопшти министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. -„Покренувањето на апликација за ваков случај, треба да резултира со конечна пресуда која е облигаторна и за двете страни, бидејќи меѓународниот суд на правдата е врховното легитимно судско тело за сите членки на Обединетите нации“. Милошоски рече дека барањето на пресуда не значи и прекин на преговорите околу името на Македонија, на чија употреба се противи Атина. -„Македонија експлицитно, и во својата апликација потврди дека е посветена на ова прашање и дека ќе продолжи на конструктивен начин да учествува во разговорите под покровителство на Обединетите нации, а со посредништво на специјалниот пратеник Метју Нимиц. Реакции Каква може да биде реакцијата на Судот во Хаг?. Професорот на Иниститутот за политички студии во Белград, Игор Јанев, еден од оние кои што предлагаше слична постапка, сега вели: -„Судот ќе се прогласи за ненадлежен. И по тоа ќе има голема брука, губење време и на крајот целата таа работа ќе донесе повеќе поени за Грција. Оти со тоа ќе се покаже дека целата работа со името е од политички карактер а не од правен карактер и понатаму ќе биде упатено за извршување во Советот за безбедност или други политички тела на ОН.“ Министерот Милошоски рече дека за одлуката на владата се известени меѓународните претставници, некои од нив и пред извесен период пред донесувањето на одлуката. Меѓу нив, како што се соопштува од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, не бил и шефот на државата. Црвенковски не се изјаснува околу одлуката, но вели дека тој не бил консултиран и дека по денешната владина одлука, премиерот Никола Груевски целосно ја презема одговорноста за решавањето на спорот, како и за успехот или неуспехот на процесот на македонското интегрирање на ЕУ и НАТО. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Такис Михас, „Елефтеротипија“: „Ќе има пат позиција“17 Ноември, 2008 | Вести
„Вие сепак не сте Швајцарија“14 Ноември, 2008 | Вести
Отпуштен советник поради Македонија12 Ноември, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||