BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 17. Ноември 2008 - Објавено на 16:14 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Такис Михас, „Елефтеротипија“: „Ќе има пат позиција“
 
Акропол во Атина
Грчкиот новинар и аналитичар Такис Михас, за Би-Би-Си вели дека преговорите со посредство на Нимиц не носеле резултати и дека можеби е добро што одлуката за името се насочува кон меѓународен форум.

Михас вели дека разрешницата треба да се чека од новиот претседател на САД. БиБиСи го праша што можеме да очекуваме по потегот на македонската Влада.

Михас: -„Прво, додека се донесе одлука ќе поминат неколку години. Прашањето е што ќе се случува во меѓувреме. Очигледно е додека се донесе одлуката од Судот, односите меѓу двете земји нема да се подобруваат. Ќе има пат позиција.“

БиБиСи: Дали тужбата може да значи и крај на преговорите?

Михас: -„Да кажеме вака, не знам дали со ова ќе се запрат преговорите, но сигурно нема да се подобри политичката клима во која се водат овие преговори. Секако може да се каже дека преговорите на Нимиц беа осудени на пропаст од самиот почеток, бидејќи имаме две влади кои имаат многу некомпатибилни погледи на работите. Од една страна, мислам дека Владата на Груевски не беше многу расположена за договор за промена на името. Од друга страна, Владата на Караманлис не беше воопшто расположена да ги признае постоењето на македонската нација или јазик. Имајќи ја предвид оваа перспектива, мислам дека преговорите на Нимиц немаше да одведат никаде, а дури и да имаше некаков договор, тој ќе се распаднеше за кусо време. Би било можеби интересно да ги насочиме нашите напори кон некаква меѓународна арбитража, некоја меѓународна институција да го реши ова. Во меѓувреме, ситуацијата нема да се подобри.“

БиБиСи: Како може да се очекува да реагира грчката Влада?

Михас: -„Мислам дека оваа тужба или нешто во таа насока можеше да се очекува. Мислам дека грчкиот став ќе биде дека се спротиставиле на приемот на Македонија во НАТО затоа што Македонија не покажала добрососедски односи. Знаете дека тоа исто така е член во Времената спогодба, ќе има расправија за технички, правнички прашања. Секако, за мене ова се минорни прашања, главното е тоа што одиме кон пат позиција и оваа ситуација ќе продолжи. Можеби треба да го почекаме новиот американски претседател кој би можел да даде нов поттик на преговорите“-вели новинарот на грчкиoт весник „Елефтеротипија“, Такис Михас, во разговор за БиБиСи.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност