|
Британска хуманитарна група објави истражување за кое вели дека покажува оти децата во земјата се демонизираат.
Половина од две илјади возрасни испитаници веруваат дека децата се опасни едни за други но и за возрасните, а повеќе од половината
велат дека младите почнуваат да се однесуваат како животни.
Групата „Барнардос" вели дека ова покажува неоправдана и вознемирувачка нетрпеливост.
Минатиот месец, Обединетите нации рекоа дека постои општа клима на нетрпеливост кон децата во Британија, особено тинејџерите.
|