BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 18. Ноември 2008 - Објавено на 17:13 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Зошто толку антибиотици во Македонија?
 
Антибиотиците предизвикуваат отпорност
Антибиотиците предизвикуваат отпорност
Денеска е европски ден за рационална употреба на антибиотиците но, што се случува во тој поглед во Македонија?

Земјата е позната по тоа што многу луѓе користат антибиотици, и тоа често на своја рака, што, по многу години, почнува да ги загрижи здравствените власти.

Антибиотиците се најбараните лекови во Македонија а Фондот за здравство за нивна набавка издвојува 20% од своите вкупни трошоци.

Статистиката вели дека македонските граѓани трошат двапати повеќе антибиотици од европските држави.

Сами лекари

Тие тоа најчесто го прават на своја рака:

-„Не земам лекови воопшто не сум бил болен во последните 20 години", вели граѓанин.

БиБиСи: Колку често земате лекови на своја рака, без консултација со лекар?

Лекови
Лекови

-„Речиси секогаш, нема гужви, нема губење време, а си ја знам дијагнозата, и не треба", вели граѓанин.

-„Претежно аналгинчето така си го земам, со Б- комплекс, ако ме фатат болки, инаку, друго ништо не земам", вели жителка на Скопје.

-„Па секогаш не одам јас на лекар - се’ на своја рака", вели граѓанин.

Ова ги загрижи здравствените работници.

Директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев, вели дека самоволното посегање по антибиотици е исто како да се користи атомска бомба за нешто што може да се уништи со рака:

-„Иако издавањето и препишувањето на лекот на лекарски рецепт е јасно дефинирана во постапката за регистрација на лекот, имаме неконтролирана употреба на антибиотици, за жал, имаме некритична употреба на антибиотици, дури можеме да кажеме и нестручна примена на антибиотици.
Cамолекувањето придонесе често пати пациентот да отиде во аптека кај нашиот аптекар, да побара од зелените капсули, знаете кои се зелените капсули, синоним за вибрамицинот, а потоа се бараа црно - црвените капсули, синоним за ампицилинот", изјави Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови.

Образование на пациентите

Јован Тофоски, претседател на македонското лекарско друштво, вели дека е потребна поголема едукација и на лекарите и на пациентите.

-„Покрај медицинското знаење лекарот треба да има одредена едукација од комуникологијата, ние имаме многу неписмени пациенти и полуписмени, кои што имаат големи права, вие им дадовте права, па тие сега кршат раце на доктори во амбуланти, и такви имаме па ела не му препишувај антибиотик", вели Тофоски.

Потребни се децении за да се открие нов антибиотик, а само 24 часа човечкиот организам да стане отпорен на него, велат здравствените работници.

Клиничкиот центар во Скопје
Клиничкиот центар во Скопје

Според нив, несоодветното користење на антибиотици- ги направи бактериите отпорни на нив. Министерот за здравство, Бујар Османи вели:

-„Антибиотската резистенција доведе до враќање на веќе искоренети заболувања и во случаите кои можеа релативно лесно да се третираат со антибиотици се појавија непотребни здравствени компликации и потреба од користење на други лекови."

Според Неда Милевска - Костова од невладиниот Центар за регионално истражување „Студиорум“, не е доволно само разумното користење на антибиотици:

-„Имаме многу активности кои треба да ги спроведуваме во однос на исхраната на пациентите, односно на граѓаните, во однос на физичката активност за подобрување на имунитетот на здравјето на луѓето".

Антибиотиците се и најопасниот еколошки отпад.

Кај македонските граѓани има огромни залихи од овие лекови кои подоцна фрлени на депонија се директно загадување за средината и извор на алергиски заболувања.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност