BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 18. Ноември 2008 - Објавено на 17:54 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Европската комисија порачува продолжување на преговорите
 
Македонското знаме врз мапата на Европа
Европската Комисија порачува преговорите да продолжат
Европските институции денес порачуваат Македонија и Грција да останат ангажирани во процесот на преговори под покровителство на Обединетите нации во духот на добрососедските односи и покрај тужбата која вчера Македонија ја покрена против својот јужен сосед.

За Европската унија нема ништо спорно Македонија да ја тужи Грција, се’ додека пронаоѓањето на заемно прифатливо решение за спорот остане приоритет и доколку судскиот процес не ги забави преговорите за името.

Од Европската комисија нагласуваат дека Македонија треба да продолжи да ги исполнува преземените европски обврски зацртани во релевантните документи:

-„Задачите од извештајот од 5 ноември за напредокот на Македонија кон Европската унија, треба да бидат исполнети без оглед на билатералниот спор и на судскиот процес“, порача портпаролката Кристина Наѓи.

Европската комисија потсетува дека за да продолжат преговорите за името потребно е да се назначи и нов преговарач, на местото на Никола Димитров.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност