|
Избор од деловните вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Најголемата хемиска компанија на светот, германската БАСФ, вели дека привремено затвора 80 фабрики а го намалува производството
во уште сто.
Во соопштението од централата во Лудвигсхафен, фирмата вели дека ова се прави поради огромното опаѓање на побарувачката и ќе има влијание врз 20 илјади вработени. Фабрики ќе се затвораат во Европа, Азија и северна Америка особено поради откажаните порачки од автомобилската индустрија. Заработката на БАСФ во третото тримесечје е речиси 40% помала од пред една година. Инфлација Инфлацијата во Британија опадна за прв пат во преку една година и во октомври изнесуваше четири и пол проценти, или половина процент помалку од септември. Се смета дека ова се должи на опаднатите цени на горивото и храната но некои економисти се загрижени дека ако тие продолжат да паѓаат, може да доведат и до дефлација. Загуби во „Easyjet“ Профитот на нискобуџетната авио-компанија „Изиџет" опадна за 45% во дванаесет месеци до крајот од септември и покрај тоа што се превезени преку 17% патници повеќе. Се смета дека ова се должи на повисоките трошоци за гориво и превозникот смета дека идните стопански услови ќе бидат тешки. Отпуштања во Кина На компаниите во две кинески области им е речено дека мора да побараат службено одобрение ако сакаат да отпуштат повеќе од 40 вработени. Се претпоставува дека властите се длабоко загрижени за социјалната нестабилност така што ги заоструваат контролите во покраините Шандонг и Хубеи. Кинескиот извоз е под закана од рецесијата, а се' повеќе се отпуштаат работници во главните производни области. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Кина и Русија со мерки против кризата20 Ноември, 2008 | Вести
„Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал Моторс“ бараат итна помош19 Ноември, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||