|
Груевски без коментар за обвинувањата
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонската влада не го кометира обвинувањето на грчката влада, дека со тужбата до Меѓународниот суд на правдата се потврдува
дека Скопје не е заинтересирано за брзо решавање на спорот околу името на државата.
Вчера Владата побара од Меѓународниот суд на правдата да и' наложи на Грција да не го попречува македонскиот прием во меѓународни организации, како што стори на самитот на НАТО, минатиот април. Зоран Стевановски зборуваше со премиерот Никола Грувски пред зградата на македонската влада.
А какви беа останатите реакции околу македонската тужба против Грција пред Меѓународниот суд за правдата? Денеска официјално реагираше и претседателот Бранко Црвенковски. Тој ја признава легитимноста на постапката, но во соопштението од неговиот кабинет се додава и дека Владата избрала пат со многу ризици кој, како што вели, „повеќе не’ оддалечува, отколку што не приближува до Европската унија и НАТО." Црвенковски уште се прашува и дали со овој чекор се зголемува бројот на македонските пријатели или пак се доведени во дилема и оние кои што ги имавме. А во Македонија за таков пријател се сметаат Соединетите држави. Нивниот амбасадор во Скопје, Филип Рикер, го повтори она што многу пати е кажано - дека двете земји мора заедно да го решат спорот и тоа преку процес кој веќе трае: -„Двете земји го имаат на располагање процесот во Обединените Нации, раководен од амбасадорот Метју Нимиц, за решавање на овој многу долг процес", рече амбасадорот Рикер. Но, македонската влада освен процесот во Обединетите нации, како инструмент за деблокада на интеграцијата на земјата во НАТО сега го користи и Судот во Хаг. Тоа наиде на одобрување кај одделни аналитичари, како што е Јана Лозановска од скопскиот институт Евро-Балкан. Од друга страна, професорот на Иниститутот за политички студии во Белград Игор Јанев, предвидува дека Судот ќе се прогласи за ненадлежен. -„И по тоа ќе има голема брука, губење време и на крајот целата таа работа ќе донесе повеќе поени за Грција. Оти со тоа ќе се покаже дека целата работа со името е од политички карактер, а не од правен карактер и понатаму ќе биде упатено за извршување во Советот за безбедност или други политички тела на ОН“, вели Јанев. Оптимистичките очекувања на македонската влада се дека на крајот од судската постапка Грција ќе мора да ја пушти Македонија во НАТО. За тоа да се случи, според сите предвидувања, ќе треба да минат најмалку две години. Доколку до тогаш не се исполнат уште пооптимистичките очекувања - двете земји да го решат 17 години долгиот спор. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Реакции по најавената тужба од Македонија18 Ноември, 2008 | Вести
Европската комисија порачува продолжување на преговорите18 Ноември, 2008 | Вести
Македонија ја тужи Грција во Хаг17 Ноември, 2008 | Вести
Такис Михас, „Елефтеротипија“: „Ќе има пат позиција“17 Ноември, 2008 | Вести
„Вие сепак не сте Швајцарија“14 Ноември, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||