|
Прво пресадување на орган од основни клетки
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Научниците во Шпанија го извршија првото пресадување на орган целосно создаден со инженеринг на ткиво создадено од основни
клетки на пациентот.
Тие внесоа дишник кај една жена. Оваа постапка значи дека ризикот од отфрлањето на дониран орган сега може да стане минато. Досега се извршени многу малку пресадувања на дишник поради големиот ризик дека имуниот систем ќе го отфрли органот, но новата техника ја избегнува потребата од користење силни и потенцијално штетни лекови против отфрлањето. Техниката на пресадувањето Но, како се изведе зафатот? Донираниот душник најпрвин беше исечен според мерките на пациентката, а потоа исчистен од биолошките клетки на донорот до степен на мрежа од врзно ткиво. Во меѓувреме беа земени основни клетки од пациентката кои беа засадени на душникот со помош на биореактор. Хирургот кој го изведе зафатот Паоло Макјарини рече дека е пресреќен зошто пациентката е во добра состојба. -„Клаудија е во одлична состојба, таа ужива во животот. Се додека е со вакво здравје, јас ќе бидам најсреќниот лекар во светот“, вели Макјарини. 30-годишната Клаудија Кастиљо се разболе од туберкулоза во 2004-тата, но болеста беше откриена доцна и го оштети душникот и левото белдробно крило.
Беше примена во болница во март со кус здив, неспособна да се грижи за децата или да прави било што друго. Постоеше можност да се отстрани белиот дроб , што носеше голем ризик , или да се изведе вакво пресадување. Надеж за иднината Операцијата беше извршена во јули, а Клаудија, која е мајка на две деца, беше дома само десет дена по операцијата. -„Сега се чувствувам многу подобро, тоа е долг процес, но четири месеци по операцијата се чувствувам навистина добро", вели таа. За овој зафат, хирургот од Барселона , Макјарини ги повика на помош колегите од Италија кои беа задолжени за биореакторот и научниците од Бристол, Британија, кои помогнаа во засадувањето на основните клетки на Клаудија. Еден од членовите на британскиот тим, Антони Холандер вели дека ова е и прв пат основните клетки да се користат за ваква операција. -„Ова веќе не е наука за основните клетки, ова е медицина на основните клетки“, вели тој. Американските научници веќе пресадуваа делови од бубрези од основните клетки на луѓето. Но, зафатот во Шпанија дава надеж дека во иднина ќе можат да се изведуваат многу вакви операции, со проценки дека за 20 години сите органи за пресадување ќе ги содржат основните клетки на самите пациенти. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||