BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 21. Ноември 2008 - Објавено на 09:00 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Без план за „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал Моторс“
 
Криза на индустријата во САД
Криза на автомобилската индустрија во САД
Американските конгресмени побараа од произведувачите на автомобили да поднесат нов план за закрепнување пред да им се одобрат милијарди долари за спас на индустријата.

Хари Рид, лидерот на мнозинството во Сенатот, рече дека автомобилските џинови не го увериле американскиот народ или Конгресот дека предложениот план ќе биде последен.

Рид рече дека фирмите треба да обезбедат повеќе детали за тоа како ќе се потрошат парите.

На директорите на големите фирми им беше речено да се вратат во Вашингтон за две седмици со нов обид.

Пред некој ден, големите американски произведувачи, „Крајслер“, „Форд“ и „Џенерал моторс“, пред Сенатот во Вашингтон соопштија дека можат да банкротираат доколку не им биде дадена итна владина помош во износ од 25 милијарди долари.

Претседавачот на „Форд“, Алан Малали, изјави дека пропаст на фирма како неговата ќе остави длабоки последици врз целата американска економија.

Претседавачот на сенатската банкарска комисија, Кристофер Дод, пак предупреди дека во ризик се доведени илјадници работни места.

Дописникот на БиБиСи јавува дека одлуката за каков било итен заем за автомобилската индустрија веројатно ќе треба да ја донесе новоизбраниот за претседател, Барак Обама, откако на 20 јануари ќе ја преземе функцијата.

Берзи

Берзите во Азија се покачија откако на почетокот опаднаа следејќи го падот на американските берзи.

Главниот индекс во Токио се затвори 2,7% повисоко иако претходно опадна за 3%, а индексот во Хонг Конг исто така се покачи.

Претходно, индексот во Њујорк се затвори за преку пет проценти пониско.

Аналитичарите велат дека инвеститорите се исплашиле откако Конгресот не договори план за спас на американските автомобилски компании.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Избор од деловните вести
18 Ноември, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност