BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 20. Ноември 2008 - Објавено на 17:00 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Не помина законот за македонските бранители
 
Собранието на Македонија
Собранието на Македонија
Во македонското Собрание не помина предлогот за донесување Закон за посебни права на припадниците на македонските безбедносни сили кои беа вклучени во судирот во 2001-та.

Предлог - законот го поднесе здружението „Достоинство".

За да стигне пред пратениците, предлог-законот, преку граѓанска иницијатива, го поддржаа триесет илјади граѓани на Македонија.

Законот, според предлагачот, здружението „Достоинство" содржи бесплатно здравство, предвремено пензионирање и удвојување на стажот поминат во одбрана на суверенитетот на државата, како и повластувања при вработување на припадниците на безбедносните сили.

Непосредни учесници

Одредбите ги образложуваше генералот Стојанчо Ангелов кој е претседател на Здружението.

Според Ангелов, законот ги опфаќа оние кои биле вклучени во регионите каде имало воени дејствија:

-„Овие припадници на безбедносните сили се наоѓаат во прва категорија како непосредни учесници во вооружените дејства и, според нашите проценки, се помалку од шест илјади луѓе, а не триесет илјади како што можеме да слушнеме дека се шпекулира во јавноста овој период", вели Ангелов.

Резервисти загинаа на Карпалак
Резервисти загинаа на Карпалак

Опозицијата ја поддржа иницијативата на „Достоинство".

Стравот на Владата, како што деновиве може да се слушне во медиумите е дека овој закон ќе ја чини државата 300 милиони евра годишно.

Владо Бучковски, пратеник на СДСМ, од собраниската говорница рече:

-„Никој нема храброст од ВМРО ДПМНЕ да стане и да каже, да го погледне генералот и да каже - генерале, заради ова и ова вие не ја добивате нашата поддршка. Срамно е некој да лиферува информации дека ќе банкротира државата, срамно е некој, без сериозна пресметка да тврди дека за решавање на нивните проблеми треба триста милиони евра - тоа е лага", рече Бучковски.

Што со ОНА?

Но, Законот не предвидува привилегиите да важат и за бунтовниците и нивните соработници, кои во 2001-та беа на другата страна во судирот.

Реплицирајќи му на Бучковски, пратеникот од ДУИ, Рафиз Алити рече:

-„Помирувањата се знае како се прават - страните треба да бидат на исто рамниште, а не некому, како што рековте вие, да му се понуди социјален пакет иако социјално пакети не се понудени на припадниците на ОНА или на членовите на нивните семејства."

Денешната дебата во Собранието за ВМРО- ДПМНЕ е маркетинг на опозицијата.

Цветко Грозданов е пратеник од владејачката партија:

-„Каде бевте да се сретнете кога лавовите беа на улиците?", праша Грозданов.

Овој закон беше еден од „жешките костени" меѓу сегашните коалициски партнери, Груевски и Ахмети.

Меѓу нив останува отворено прашањето за решавање на статусот на поранешните членови на ОНА, предвиден од таканаречениот „мајски“ договор, кога ДУИ беше опозиција.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност