BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 20. Ноември 2008 - Објавено на 08:29 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Четврток, 20 ноември
 
Барак Обама
Барак Обама
ИНДИПЕНДЕНТ пишува дека следниот американски претседател Барак Обама ја изнесе Америка од студенилото на изолационизмот околу климатските промени.

Обама одржа говор во кој рече дека Соединетите држави ќе заземат целосно учество во обновувањето на Кјото-протоколот за намалување на ефектите од климатските промени.

Ураниум

ФАЈНЕНШАЛ ТАЈМС пишува за последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија, според кој Иран забрзано ги зголемува залихите на збогатен ураниум.

Според агенцијата, материјалот би можел да биде употребен за создавање оружје.

Весникот цитира аналитичар од евро-азиската консултантска група во Вашингтон, кој вели дека Обама сега се соочува со вистинска дилема, дали да почне итна дипломатска активност или да чека помалу радикално раководство во Иран.

Банки

ГАРДИЈАН пишува дека британскиот премиер Гордон Браун го зголемува притисокот врз банките за тие да позајмуваат пари за развој на малите бизниси во земјата.

Британската влада, според весникот, ги донесува новите обврски за банките откако опозицискиот лидер Дејвид Камерон рече дека владината акција за спас на банките не успеала да го одмрзне капиталот за да се вшприцаат кредити во економијата.

Мамут

ТАЈМС пишува дека научници го лоцирале ДНК кодот на влакнестиот мамут кој изумре на крајот од леденото доба.

Ова откритие според весникот отвора можност, еден ден овие џиновски животни налик на слонови да бидат воскреснати.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност