BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 20. Ноември 2008 - Објавено на 10:30 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Падна европската дигитална библиотека
 
Дигитална библиотека
ЕУ отвори дигитална библиотека
Европската унија мораше да го затвори сајтот на новата дигитална библиотека веднаш по отворањето поради огромен интерес на јавноста.

„Европеана“ вклучува слики, фотографии, филмови, книги, мапи и ракописи од илјада музеи, државни библиотеки и архиви, а се очекува одново да се отвори во декември, по технолошките подобрувања.

Ако сакате одблиску да ја видите Мона Лиза или некоја партитура од Моцарт, подгответе се за изненадување бидејќи ќе се појави порака дека страничката привремено не е достапна поради огромен интерес.

Така, дигиталната библиотека стана жртва на сопствениот успех и мораше да се затвори само по еден час откако на неа се обидоа да влезат преку 10 милиони посетители, двојно повеќе од очекуваното и дваесет пати повеќе од она на серверот на Европската унија.

Портпарол на Европската комисија рече дека „ова вредеше да се направи и дека културата е многу популарна, повеќе одошто сонувавме“.

Непосредно пред отворањето, системот ги удвои серверите од три на шест и таа почна накусо да работи.

Сега ќе се направат тестови за да се обезбеди дека библиотеката ќе остане отворена пред заинтересираните да го загубат својот интерес.

Во четвртокот, најмногу посетители имало од Германија, Франција и Шпанија, но 4% од барањата дошле од САД.

Страничката наречена „Европеана" вклучува филмови, фотографии, мапи и записи од илјадници музеи, национални библиотеки и архиви.

Од Хомеровата „Одисеја“ па до падот на Берлинскиот ѕид, две илјади години европска култура и историја стануваат дигитално достапни.

Проектот го водеше Франција, загрижена дека напорите на „Гугл“ да објави милиони книги „он-лајн“, би довеле до американска доминација во светската култура.

„Европеана“ стартува со околу 2 милиони дигитални наслови, од кои речиси половина доаѓаат од Франција.

Но постојат надежи дека до 2010 години, библиотеката ќе брои 10 милиони наслови.

„Гугл“ ја поздрави „Европеана“, велејќи дека се радува на соработката што би резултирала со најголемиот технолошки скок во ширење на знаењето по времето кога Гутенберг ја измисли печатарската преса.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност