|
Четврток, 20 ноември
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во Охрид денес почнува регионалниот економски форум, а се очекуваат претседатели од Балканот, евро-претставници, бизнисмени
и интелектуалци.
На форумот ќе се расправа за светска финансиска криза, подобрување на инфраструктурата во регионот и за енергетиката на Балканот. ДНЕВНИК известува за план за изградба на патишта во следните три години тежок 2,7 милијарди евра. Парите би требало да бидат обезбедени како заем од Светската банка, и од буџетот, а ќе се гради „Коридорот 8“ кој е врската со Бугарија и Албанија, потоа обиколница околу Охрид, далновод Ниш-Штип и десетици други проекти. Општини Според весникот ВРЕМЕ, серијата слабости во работата на некои од македонските општини, покажуваат слабост во процесот на децентрализација. Места како Стар Дојран, Демир Хисар, Миравци, Богданци и други, во текот на есента останаа без вода, поради неплатени сметки. Куманово не можеше да ги плати ѓубреџиите. Седумнаесет од 85 општини сега се со блокирани жиро-сметки. Садење И, секако, сите весници пишуваат за вчерашната акција „Ден на дрвото“, во која беа посадени речиси сите планирани шест милиони садници. И покрај студеното и влажно време, илјадници граѓани, студенти, војници, излегоа да садат дрвца, а садењето не било завршено само во Крушево и Берово, поради паднатиот снег. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||