BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 20. Ноември 2008 - Објавено на 17:02 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Десет години Меѓународна вселенска станица
 
Меѓународната вселенска станица
Меѓународната вселенска станица денеска полни 10 години.

Таа лебди во орбита од 350 километри над Земјата и го претставува заедничкиот напор на 16 земји од светот.

Само Соединетите држави вложија 100 милијарди долари во нејзиното надградување но таа се’ уште не е завршена.

Првиот степен беше лансиран од Русија во 1998 под името „Зарја“.

Нејзината мисија започна како голема надеж за науката, но според дописникот на БиБиСи, по цели десет години, научните резултати добиени од неа се просечни.

Доктор Ендрју Коутс од научната вселенска лабораторија „Малард“ близу Лондон, вели:

-„Станицата беше голем трошок на пари и време во изминативе десет години. На 350 километри над Земјата, тоа не се вистински вселенски истражувања.“

Сепак, Џош Бирли од Американската вселенска агенција НАСА вели дека од Меѓународната станица произлегле неколку добри работи како на пример правењето амбиент подлабоко да се продолжи со вселенските истражувања.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност