|
Кина и Русија со мерки против кризата
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Додека од светот доаѓаат нови бројки за данокот што глобалната економска криза го зеде од водечките економии, Кина соопшти
дека презема мерки за намалување на се’ поголемата невработеност и граѓанската вознемиреност.
Министерот за социјални прашања, Јин Веимин, ситуацијата ја опиша како критична, а главната грижа, според него се луѓето кои останаа без работа. Тие одржуваат протести пред фабриките кои престанаа да работат поради прекинати нарачки, често од други земји кои исто така се погодени од светската криза. Директорот на една фабрика за чевли, вели дека сите се прилично загрижени, не само сопствениците, туку и вработените. Властите во Пекинг велат дека ќе обезбедат финансиска помош за да им помогнат на компаниите да ги задржат вработените. Последиците од кризата се чувствуваат и во други земји. Индонезија, најголемото стопанство во југоисточна Азија, исто така презема мерки за да си ја заштити валутата. Русија Рускиот премиер Владимир Путин оцени дека актуелната светска финансиска криза нема да ја забави руската економија. Пред членовите на неговата партија „Обединета Русија" тој одново ја обвини Америка дека ја почнала економската криза, уверувајќи ги нервозните Руси дека стопанството нема да потоне секој миг. Вака Путин ја повикуваше својата партија и граѓаните на Русија. Пораката е дека владата ја држи ситуацијата под контрола, дека заштедите и руската валута се безбедни.
„Ние имаме значајни финансиски резерви" вели тој, „и тие ќе ни помогнат да го спречиме зголемувањето на инфлацијата или драстичната промена на курсот на рубљата". Но, руските банкарски аналитичари не се толкави оптимисти како Путин. Од септември, руската Централна банка потроши речиси милијарда долари од резервите за да ја одржи вредноста на рубљата. Аналитичартите велат дека тоа не може да оди во бесконечност. Најголем проблем за Русија е намалувањето на цената на нафтата. Руската сурова нафта сега падна под 50 американски долари за барел, што е пад од 60% од месец јули. Токму затоа, и покрај убедливоста на зборовите на Путин, неговата влада е многу нервозна. Оваа недела таа тивко им нареди на руските весници и телевизиски станици да престанат да ги употребуваат зборовите како „пропаст„ и „криза" со закана за кривично гонење. Автомобили Европските компании за производство на автомобили, „Ролс-Ројс" и францускиот „Пежо-Ситроен" најавија отпуштања на илјадници вработени. Романската фабрика на автомобили „Дачија" соопшти дека прекинува со производство поради намалената побарувачка. Фирмата е дел од француската компанија „Рено" и ќе ја затвори фабриката во Миовени, северозападно од Букурешт, на 18 дена. Се очекува дека 40 илјади работници ќе добијат намалени плати од 15 насто. Пред некој ден, „Дачија" објави намалена продажба за октомври од 30%, споредено со минатата година. Денеска во Србија и официјално престанува производството на автомобилот „Југо".
Последните модели ќе излезат од монтажната линија во Крагујевац за да направат место за нова линија на италијански „ФИАТ" со потенцијално производство од 300 илјади автомобили годишно. Помош од ММФ Летонија е најновата европска земја која бара помош од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија, за стабилизација на својата финансиска состојба. Оваа балтичка земја во последните години имаше една од највисоките стапки на раст, но најновите бројки покажуваат дека нејзината економија сега бележи остар пад. Вчера, ММФ одобри заем од преку две милијарди долари за Исланд, а помош во Рејкјавик упатуваат и нордиските земји. Нафта А цената на нафтата во светот и натаму паѓа. Американската сурова нафта се спушти под 50 долари за барел пред малку да закрепне, иако само пред четири месеци стигна до рекордните 147 долари. Аналитичарите велат дека најновиот пад ја одразува се’ помалата доверба во светската економија, како и помалата побарувачка за нафта како резултат на економското назадување. Берзите во Европа и Азија и денеска опаѓаа. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
„Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал Моторс“ бараат итна помош19 Ноември, 2008 | Вести
Избор од деловните вести18 Ноември, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||