|
Што велат граѓаните?
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
А дел од граѓаните на Македонија размислуваат како светската економска криза би можела да ги зафати нив.
Некогаш таа може да се почувствува по малите работи. Би Би Си излезе на еден скопски пазар на цвеќе каде што неколкумина жители го бараа идеалниот букет за да си го разубават денот. Еве што ни одговорија. „Ова веќе како луксуз го сметаат, се знае што е потреба- лебот, јадењето", вели продавач на цвеќе. „Се мислиме дали да купиме цвеќе, или не, или да штедиме на вакви работи што претходно ни биле секојдневие", вели купувачка на цвеќе. „Пред месец и пол дена, со 1 500 денари кошничката беше наполнета, сега со пет илјади, само осум работи", вели граѓанин. „Паника е, кај сите, надвор од Македонија, Македонија е оаза, нели", вели граѓанин. Но, не се сите зафатени на ист начин..... „Сега сменив работа и мене ми е баш добро", вели жителка на Скопје. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||