|
Поранешниот шеф на мировните операции на Обединетите нации Жан Мари Гуено, ја истакна итната потреба од ефикасни меѓународни
сили во Демократска република Конго.
Гуено го поздрави најновото решение за испраќање дополнителни три илјади мировници, но рече и дека е потребна понуда од европските
земји за доверливи елитни единици.
Тоа би испратило моќен сигнал за завојуваните страни во источно Конго, рече Гуено.
Дипломатите признаа дека не знаат од каде ќе дојдат новите одобрени единици на ОН и кога ќе можат да се испратат.
Мисијата на Обединетите нации во Конго е најголема на светот со 17 илјади луѓе но помалку од една илјада се распоредени во
областа на судири.
|